Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Аеродромот во Охрид доби Ниво 2 акредитација за управување со јаглеродни емисии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
aerodrom

Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид, управуван од „ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“ и членка на Групацијата ADP, постигна Ниво 2-акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, информираат од „ТАВ Македонија“.

Охридскиот аеродром ја добил оваа акредитација за управување со емисии на јаглерод на Ниво 2 од Меѓународниот совет на аеродромите (Airports Council International-ACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитации на аеродроми за управување со јаглеродни емисии (Airport Carbon Accreditation-ACA) како резултат на активностите преземени во процесот за намалување на емисиите на јаглерод во работењето на аеродромот.

- Достигнувањето на акредитацијата Ниво 2 за управување со јаглеродни емисии на аеродромот претставува официјално признание дека аеродромот „Св. апостол Павле“ - Охрид систематски ги мери, анализира и активно работи на намалување на своите емисии на јаглерод. Оваа акредитација ја потврдува нашата посветеност како „ТАВ Македонија“ на меѓународните стандарди за одржливост и испраќа јасна порака дека заштитата на животната средина е стратешки приоритет во работењето на аеродромите што ги управуваме. Преку вакви конкретни чекори ние продолжуваме да придонесуваме за поодговорен развој на воздухопловството и за долгорочни придобивки за заедницата и идните генерации - вели Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

— реклама —

Акредитацијата Ниво 2 за охридскиот аеродром директно, според „ТАВ Македонија“, покажува дека аеродромот не само што го разбира своето јаглеродно влијание туку и имплементирал ефикасни стратегии за активно намалување.

— реклама —

- Ова значи дека аеродромот во Охрид воспоставил јасни и мерливи цели за намалување на емисиите и од Опсег 1 и од Опсег 2, кои вклучуваат емисии од потрошувачката на енергија на самиот аеродром, греењето, ладењето и возилата во сопственост на аеродромот. Клучните иницијативи што придонесуваат за постигнување на ова ниво се - транзиција на возниот парк, зголемување на уделот на опрема за копнена поддршка на батериски или хибриден погон, оптимизација на потрошувачката на енергија, користење обновливи извори на енергија и инвестирање во инфраструктура за полнење на електрични возила (EV), унапредување на управувањето со отпад, програми за ефикасно користење на водата, обуки на персоналот и иницијативи за подигање на свеста со цел вградување на одржливоста во секојдневното работење, како и формирање комитет за одржливост за надзор и управување со еколошките ризици и обезбедување дека намалувањето на јаглеродните емисии останува стратешки приоритет - се вели во соопштението од „ТАВ Македонија“.

Акредитацијата за управување со емисии на јаглерод на аеродроми е единствената институционално одобрена, глобална програма за сертификација за управување со емисии на јаглерод за аеродромите, која им помага да управуваат и да ги намалат своите емисии на јаглерод во согласност со меѓународните стандарди. Независно ги проценува и признава напорите на аеродромите за управување и намалување на нивните емисии на јаглерод преку 7 нивоа на сертификација: Ниво 1, Ниво 2, Ниво 3, Ниво 3+, Ниво 4, Ниво 4+ и Ниво 5.

— реклама —

Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International - ACI) е глобална трговска организација, која ги претставува аеродромите во светот и работи на подобрување на безбедноста, ефикасноста и одржливоста во воздухопловството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjviec318d2gs8q8fGhd

Во недела во Охрид стартува музичкиот караван за 35 години независност

Македонија | пред 4 часа

media-library4susnij26bgr3UZtPeJ

(Видео) Ечеше „Бисер балкански“ и „Лихнида“ во Охрид: Млади улични артисти собраа публика како на концерт

Магазин | пред 14 часа

media-librarycpcdcuujs6rvdaLLCZF

(Видео) Сакаат да ја избегнат утрешната гужва, заглавија вечерва: долги колони од Охрид кон Скопје

Македонија | пред 2 дена

media-libraryvo0qqe4h52a392pOjWG

Драма во Охрид: Со нож му барал пари на малолетник, нападнал и скопјанец

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања