Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Агелер ги седна на маса сите обвинители од Републичко, сосе шефот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
ppo-3-1024x672-1

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер, со која меѓу другото дискутираше за состојбите во Јавното обвинителство, но и за предизвиците со кои се соочува институцијата, најмногу од аспект на материјалните и кадровските ресурси.

— реклама —

Коцевски се заблагодари за поддршката која САД ја даваат за обвинителството, особено за воспоставувањето и опремувањето на истражните центри во Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Амбасадорот Агелер истакна дека поддршката на САД ќе продолжи на сите нивоа кон сите поединци што работат со интегритет и тие кои се посветени да ги дадат најдобрите услуги на граѓаните, додавајќи дека од воспоставувањето на стратешкото партнерство на САД со нашата земја американската финансиска поддршка за целокупниот систем за владеење на правото изнесува околу половина милијарда долари.

— реклама —

Амбасадорката Агелер оствари средба и со сите обвинители во републичкото обвинителство и се информираше за тековните активности поврзани со следење на евентуални нерегуларности поврзани со претстојниот изборен процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryght3lrcq3va39IqXFD1

Нов анти-СЛАПП закон: Казна до 20.000 евра за злонамерни тужби

Свет | пред 3 седмици

jane-cento

Судењата беа наптревар за издржливост, системот беше вклучен, а одлуките беа синхронизирани, вели Ченто за 27 април

Коментари | пред 1 месец

alek-radulovic

(Видео) Судски пресврт по 4,5 години судење: Судот констатира судир на интереси кај вештакот во случајот на загинатиот Алек

Македонија | пред 3 месеци

media-library03q8op488bnca6F80TC

Ако обвинителот калкулира со истрага за загрозување на јавното здравје – тогаш клуч на државава, вели Туфегџиќ

Коментари | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања