Промени тема
Контакт

Академик на протестот во Белград: „Власта ја уништува Србија, студентите ќе победат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryq0tco6j00a8s2bMBTsM

Академикот и професор на Хемискиот факултет, Радомир Стаичиќ, на протестот на плоштадот Славија во Белград остро ја критикуваше српската власт, обвинувајќи ја дека го урива правниот поредок, универзитетите, културата и достоинството на граѓаните.

„Србија и понатаму робува на бахата и дрска власт која го уништува правниот поредок, Универзитетот, културата, екологијата и земјоделството, а воздухот, шумите и полињата ги претвора во депонии“, порача Стаичиќ.

— реклама —

Тој ја обвини власта дека се фали со купено оружје, додека, како што рече, „на преговарачка маса предава територии платени со човечки животи“.

Во говорот се осврна и на српското собрание, за кое рече дека во три наврати одбило да изгласа резолуција дека врз српскиот народ во НДХ бил извршен геноцид.

— реклама —

Стаичиќ упати критики и кон врвот на Српската православна црква, тврдејќи дека актуелниот систем на вредности најдобро се гледа преку одликувањата што ги добиле повеќе политичари и јавни личности блиски до власта.

— реклама —

„Својот проблем мора сами да го решиме и да бидеме подготвени решително да се избориме за граѓанските права. Слободата нема цена, студентите победуваат“, порача академикот на крајот од обраќањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Screenshot-2023-10-01-at-09.41.58

Вучиќ: „Можеби наскоро ќе поднесам оставка“

Свет | пред 3 месеци

media-library45k63efl2vh68tt1eBo

Протестот во Белград покажа дека енергијата не стивнува, но политичката артикулација сè уште недостига

Свет | пред 3 месеци

media-library1le8ldr222e7bbwHWs5

Приведени 23 лица по судирите со полицијата во Белград, Дачиќ тврди: „Не нападнавме никого“

Свет | пред 3 месеци

media-librarykk87jufjnacg6ddDZ4G

(Видео) Немири, судири со полицијата и апсења по протестот во Белград

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања