Промени тема
Контакт

Акции во Струмица: Одземени 31 килограм бакар и казнети лица за согорување отпад на отворено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library4cdcreotdiui31IfiRo

Инспекциските служби на Општина Струмица, односно инспекторката за животна средина и комуналните инспектори, во изминатите денови, во координација со полициски службеници од МВР Струмица, спроведоа засилени контроли на терен.

„Во рамки на спроведените активности, од три физички лица одземен е бакар во вкупна количина од 31 килограм. За еден правен субјект кој управувал со отпад без соодветна дозвола, покрената е постапка за спогодување пред Комисија формирана од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Дополнително, од страна на комуналните инспектори на шест физички лица им се изречени прекршочни глоби во износ од 50 евра, согласно Одлуката за комунален ред. На уште четири физички лица, од страна на инспекторката за животна средина, им се изречени глоби во износ од 250 евра, согласно Законот за управување со отпад, поради согорување отпад на отворено.

Сите преземени мерки се во согласност со важечките законски прописи.

— реклама —

Засилените контроли во делот на загадувањето на воздухот предизвикано од согорување отпад и бакар на отворено ќе продолжат и во наредниот период, во координација со Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Согласно Планот за работа на Секторот за инспекциски работи, во тек е вршење на редовни инспекциски надзори над правни субјекти кои поседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола.

Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, од надлежните служби очекува посветена, координирана и навремена работа, строго во рамките на законските надлежности и прописи.

— реклама —

Воедно, Општина Струмица упатува апел до граѓаните за активна соработка и навремено пријавување на вакви појави, со цел заеднички да придонесеме кон заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живот“, се вели во соопштението“, се вели во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn1pgeii86e2sdepJgCX

(Видео) Девојче не одговарало на телефон и не ја отворало вратата: Пожарникари со авто-скала се качиле до станот на четврти кат за да проверат дали е добро

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library26d0q4plkfvv82gPYdS

(Видео) Силно невреме ја погоди Струмица: Ѕид се урна врз паркирани автомобили, откорнати дрвја и оштетени покриви

Македонија | пред 2 седмици

media-library0fp67osvalfsaUsWjw2

Пожарникарите во Струмица на терен по невремето: Испумпуваат вода од поплавени простории

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvaqgsc3fhtjo8ohRKq0

(Видео) Силно невреме ја зафати Струмица: Ветрот корнеше дрвја и однесуваше покриви

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања