Промени тема
Контакт

Акциска контрола во Струга: 57 казни, одземено возило и едно лице уапсено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library37s0fjk665nb39UZPfh
Скопје1.мк

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Вчера изречени 57 санкции во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Струга, лишено од слобода едно лице, одземено возило

Во текот на вчерашниот ден (12.03.2026 година) во периодот од 14:00 до 21:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид - ОВР Струга со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

— реклама —

При контролата изречени се вкупно 57 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив четири за измината важност на сообраќајната дозвола, една мерка за управување на моторно возило со несоодветна категорија, три мерки за неизвршен вонреден технички преглед на возила кои вршат јавен превоз на патници, една мерка за возач кој врши јавен превоз на патници без лекарско уверение, седум мерки за товарни моторни возила во однос на претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, пет мерки за непоседување на задолжителна опрема во возило, две мерки за користење на мобилен телефон, две мерки за неисправни светлосно сигнални уреди и 21 мерка за останати прекршоци. Поднесени се и 11 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.

Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно без возачка дозвола и одземено е едно возило поради изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

— реклама —

За сите сторители на сообраќајни прекршоци изготвени се соодветни поднесоци.

— реклама —

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

18 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, 17 возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Во шума запалил душек врз кој ставил бакарни кабли, кривична за 43-годишен битолчанец

Македонија | пред 15 часа

municija-1

Контрола на автопатот Скопје-Велес откри 205 парчиња муниција во багажник на автомобил

Македонија | пред 15 часа

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Со мопед се превртел кај Лезово, тешко повреден 16-годишник

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања