Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ако го одбијат притворот за Деко, излегуваме на протести, порача мајката на загинатиот Матеј од Пулс во пресрет на рочиштето од 10 часот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Јасна Марковска, мајка на загинатиот Матеј во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави протести доколку Основниот кривичен суд Скопје денес не го прифати предлогот на Обвинителството за определување притвор на Дејан Јованов-Деко.

— реклама —

„Доколку Кривичен го одбие предлогот за притвор на ‘човекот’ кој во една ноќ однесе во гроб повеќе деца отколку во било која војна во историјата на оваа земја, излегуваме на протести!“, порача Марковска.

— реклама —

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори нова истрага против Јованов за кривично дело „Давање поткуп“ и побара да му биде определен притвор. Според Обвинителството, Јованов е осомничен дека дал поткуп на службено лице во Министерството за економија за да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност, без да поднесе барање за лиценца и иако знаел дека објектот не ги исполнува законските услови.

Основниот кривичен суд Скопје потврди дека предлогот бил доставен доцна попладнево и најави дека по него ќе постапува во текот на утрешниот ден.

— реклама —

Јованов веќе е во притвор во постапката за пожарот во „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Актуелниот притвор во тој предмет истекува на 3 октомври.

— реклама —

Обвинителството во новиот предмет го образложи барањето за притвор со опасност од бегство и со фактот дека против Јованов се води и кривичната постапка за „Тешки дела против општата сигурност“. За новото барање за притвор треба да одлучува судија на претходна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_5572

„Стручна самодисквалификација“: Марковски ги оспори наодите на вештакот на одбраната, Деко предложил 16 сведоци, меѓу нив и неговата ќерка

Македонија | пред 21 час

— реклама —
IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на Шилегов: Случајот не може да се споредува со други предмети

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“, а добивале очилa и рачен часовник за услугата – девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификати

Свет | пред 2 седмици

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Газдата Деко предложен за сведок во судскиот процес против деветтемина полицајци за случајот „Пулс“

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања