Ако Ковачевски уште од мај знаел дека ќе има енергетска криза, што правел до сега и зошто не преземал ништо?!, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

„Ако Ковачевски уште од мај знаел дека ќе има енергетска криза, што правел до сега и зошто не преземал ништо?! Македонија со Ковачевски како премиер повторно е оставена на цедило. Јаглен се набавува по скапи цени, а не се знае ниту колку има, мазут нема доволно и ТЕЦ Неготино работи со половичен капацитет, а гасот е скап“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

Ковачевски имаше цело лето да набави енергети, и не го направи тоа. Само за споредба земјите од соседството и Европа, кои немаат јаглен го набавуваат, складираат гас и склучуваат договори за купување на струја по пазарни услови.

— реклама —

Последен пример за договорање за купување на струја по поволна производствена цена имаме помеѓу Србија и Азербејџан.

И додека другите држави договораат ефтини цени за купување струја, дуото Ковачевски кај нас најавува дека струјата ќе поскапи.

Цела Европа работи за да дојде до поефтина струја или суровина, само Ковачевски цело лето го помина без да ја обезбеди државата за зимата која ни претстои.

Уште по неодговорно е истиот тој Ковачевски да признава дека знаел дека ќе има криза, а воопшто не се потрудил да ја подготви државата.

СДСМ и Ковачевски немаат капацитет да ја водат државата. Со СДСМ само ќе се зголемува бројката од 500.000 наши сограѓани кои живеат со по 150 денари на ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања