Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Ако не ви се допаѓа инфраструктурата – дигнете ја во воздух!“ – жестока реакција на Унгарија кон Полска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
abac07de-e2a2-4914-8bd7-623547817f64

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто остро реагираше на одлуката на полскиот суд да го ослободи украинскиот државјанин Володимир Журављов, осомничен за вмешаност во терористичкиот напад врз гасоводот „Северен тек“, нарекувајќи ја постапката на Варшава „невиден скандал“.

— реклама —

„Според полското мислење, ако не ви се допаѓа инфраструктурата во Европа, можете да ја дигнете во воздух. Полска не само што ослободи терорист, туку и му оддава почит – до тоа дошло европското владеење на правото,“ изјави Сијарто.

— реклама —

Тој оцени дека одлуката на судот во Варшава претставува „прелиминарна дозвола за терористички напади во Европа“ и предупреди дека ваквиот пристап ги поткопува темелите на заедничката безбедност во рамките на Европската унија.

— реклама —

Одлуката на судот ја поддржа полскиот премиер Доналд Туск, кој рече дека таа е „точна“ и дека „случајот е затворен“.

— реклама —

Журављов беше уапсен во Полска на барање на германските власти под сомнение дека бил вмешан во нападот врз гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море. Окружниот суд во Варшава му одреди притвор од седум дена на 1 октомври, кој потоа беше продолжен за уште 40 дена, а во петокот судот донесе одлука да го ослободи и да ја одбие неговата екстрадиција во Германија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Партијата на Орбан се дистанцира од поранешниот министер осомничен за мито од 33 милиони евра

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library0lr09iaimh6p2QdjdcL

(Видео) Маѓар со жестоки обвинувања против Орбан по заплената на 17,5 милиони евра

Свет | пред 3 дена

media-libraryg1o911nd5kem2wJr2ri

Унгарија ги менува правилата за абортус

Свет | пред 5 дена

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Унгарија трипати крена борбени авиони по дојави за бомби во патнички летови

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања