Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Активен пожар во шумата кај Белица, ЦУК регистрираше 11 пожари во текот на ноќта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H
Илустрација

Во текот на ноќта меѓу 13 и 14 септември, до 7:30 часот утрово, во земјава биле регистрирани 11 пожари на отворен простор. Според Центарот за управување со кризи, еден пожар е активен, додека останатите 10 се изгаснати.

Активниот пожар е на територијата на Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, на местото викано Кајорец, каде што гори нискостеблеста и мешана шума.

— реклама —

Во истиот период нема регистрирани пожари кои се ставени под контрола.

Изгаснати биле пожари во селото Радуша, Општина Сарај, каде што горела ниска вегетација, како и во селото Конско во Општина Гевгелија.

— реклама —

Во Општина Струга биле изгаснати два пожара – во Татеши, каде што гореле стрниште и ниска вегетација, и во Велешта, каде што горела ниска вегетација.

— реклама —

Пожар бил изгаснат и во селото Ораовец, Општина Велес, каде што гореле ниска вегетација и дрвца бадеми.

Во селото Требош, Општина Желино, горела ниска вегетација, додека во Општина Кичево биле регистрирани два изгаснати пожара, во Туин и Зајас, каде што гореле ниска вегетација и стрништа.

Во Општина Могила пожарот бил регистриран на потегот од Долно Српци до Беранци, каде што горела ниска вегетација. Последниот од десетте изгаснати пожари бил во селото Болно, Општина Ресен, каде што горело ѓубре.

Од ЦУК информираат дека податоците се однесуваат на состојбата заклучно со 7:30 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања