Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Активни четири пожари, најкритично кај Зелениково и Македонски Брод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library641qr7kluupa4doCzWK
unsplash

Во последното деноноќие во земјава се регистрирани 31 пожар на отворен простор, од кои четири и натаму се активни, три се ставени под контрола, а 24 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активни се пожарите на подрачјата на Студеничани и Зелениково, каде што огнот зафаќа мешана шума, како и пожарот кај село Трново во општина Гостивар, кој се шири кон селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод. Таму гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

— реклама —

Пожар е активен и над селото Нежилово во општина Чашка, на месноста Сватови, каде што гори ниска вегетација и смреки. Активен пожар има и во селото Франгово, општина Струга, каде што се зафатени нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Под контрола се пожарите кај селото Тајмиште во Кичево, на депонијата во Делчево и кај селото Стрмница во општина Брвеница.

— реклама —

Меѓу 24-те изгаснати пожари се и оние кај селата Желино, Стримница, Одри, Непроштен, Зајас, Форино, Виничани и Дихово, како и пожарите во близина на резерватот „Јасен“, Гази Баба, Беровско Езеро и на повеќе други локации.

— реклама —

Пожари биле регистрирани и на лозови и овошни насади во Росоман, меѓу Моноспитово и Муртино, како и на повеќе депонии, меѓу кои градските депонии во Кавадарци и Струмица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања