Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Активни четири пожари во земјава, гори кај Студеничани, Македонски Брод, Прилеп и Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryatlhaclb9ppe9LG5j3b
unsplash / Илустрација

До 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

Активни пожари има во четири општини. Во Општина Студеничани гори на потегот од селото Моране, преку Вртекица до Рамни Габер, каде што е зафатена мешана шума.

Во Општина Македонски Брод пожарот е регистриран на месноста Видуш, во близина на селото Драгов Дол и кај Локвица. Зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

— реклама —

Активен пожар има и на подрачјето на Општина Прилеп, кај селото Чаниште, со краци кон селото Крушевица, кон Лопатица, кон Црна Река и кон селото Орле во Општина Новаци. Таму гори ниска вегетација.

— реклама —

Во Општина Охрид активен е пожарот на депонијата Буково, каде што гори отпад.

Два пожари се ставени под контрола. Едниот е во селото Копанце во Општина Јегуновце, каде што е зафатена мешана шума, а другиот е на депонијата во Делчево.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати два пожари. Едниот бил во селото Рашче во Општина Сарај, каде што горела ниска вегетација, а другиот на потегот меѓу селата Просениково и Сарај во Општина Струмица, каде што горел отпад.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 3 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања