Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Активни шест пожари, гори и мешана шума кај Палиград и Вражале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc
Илустрација

Во повеќе делови од земјава денеска се активни пожари на отворен простор. Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно 11 пожари, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати.

— реклама —

Најголемиот број активни пожари се регистрирани во поширокиот скопски регион. На подрачјето на општините Студеничани и Зелениково гори мешана шума на потегот од Моране, преку Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над Вражале.

Пожар има и во гостиварското село Трново, каде што гори мешана шума, додека во општина Чашка, над Нежилово, гори смрека.

— реклама —

Во Пробиштип, кај селото Дренак, зафатена е ниска вегетација, а во општина Градско, кај Долно Чичево, пожарот зафатил стрниште и ниска вегетација. Активен пожар е регистриран и во кичевското село Зајас, каде што гори стрниште.

— реклама —

Под контрола е ставен пожарот во кичевското село Тајмиште, во местото Дарда, каде што гори високостеблеста букова шума.

Во текот на денот целосно се изгаснати четири пожари. Во сарајското село Чајлане и гостиварското Турчане горело ѓубре, во кумановското село Пчиња било зафатено стрниште, а во беровското село Митрашинци горела ниска вегетација.

— реклама —

Од ЦУК продолжуваат да ја следат состојбата на терен и да ги координираат активностите за справување со пожарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања