Промени тема
Контакт

Аларм во Австрија: Отров за глувци пронајден во бебешка храна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryibu2295fquuqcx1pPHh
unsplash

Во Австрија е потврден случај на бебешка храна во која е пронајден отров за глувци, по што полицијата издаде итно предупредување до граѓаните и започна широка истрага, пишуваат тамошните медиуми меѓу кои „Heute“.

— реклама —

Станува збор за тегла од бебешка храна „морков со компир“ од 190 грама, која била пријавена од купувач во покраината Бургенланд. Производот, за среќа, не бил консумиран, а лабораториските анализи потврдиле присуство на токсична материја.

— реклама —

Случајот е поврзан со поширока истрага за уцена на производителот, при што слични сомнителни производи биле откриени и во Германија, Чешка и Словачка.

Според полицијата, контаминираните тегли може да се препознаат по неколку карактеристики – бела налепница со црвен круг на дното, оштетен или веќе отворен капак без вакуумски „клик“, како и невообичаен или расипан мирис.

— реклама —

Надлежните апелираат до родителите и старателите да бидат исклучително внимателни и да не ги користат ваквите производи доколку забележат било каква неправилност. Препорачуваат сомнителните тегли да не се отвораат, да се чуваат одвоено и да се користат заштитни ракавици при ракување.

Во меѓувреме, трговските синџири во Австрија превентивно ги повлекоа сите производи од оваа линија од продажба, со можност за враќање и рефундација без фискална сметка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymue570v3hpfucjYGf3f

Австриски компании бараат нови можности за соработка во транспортот и енергетиката во Македонија

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
avstrija

Гугл гради гигантски центар за податоци во Австрија: ќе троши струја колку 900.000 домаќинства

Свет | пред 3 седмици

media-library642oh9pbr4ggak95s08

40-годишна жена пронајдена мртва во домот, сопругот осомничен за сексуално насилство со смртен исход

Свет | пред 1 месец

media-libraryj9uo6npsmpqb9acoSHF

Забранет хиџабот за девојчиња под 14 години во училиштата во Австрија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања