Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Алармантно: шест случаи на семејно насилство за едно деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Пет лица се лишени од слобода поради семејно насилство, а регистрирани се вкупно шест пријави во изминатото деноноќие во Скопје, Тетово, Кичево и Прилеп, информираат од МВР.

Во Кичево, полицијата го привела Т.М. (33), откако, според пријавата, физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга.

Во Тетово, лишен од слобода е С.К. (30) од Скопје, кој, според пријавата од неговата девојка, подолг период ја следел на повеќе локации, вклучително и на работното место, а истиот ден ѝ упатувал закани по телефон.

— реклама —

Во Прилеп, 38-годишна жена од општина Долнени пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг.

Во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, приведена е Ф.А. (38), поради пријава дека во домот физички ја нападнала својата 31-годишна сестра.

— реклама —

Во Шуто Оризари, полицијата го лишила од слобода С.Д. (22), кој, според пријавата од поранешната сопруга, ѝ се заканувал и со употреба на сила ѝ го одзел мобилниот телефон во продажен објект.

— реклама —

Дополнително, во Драчево е приведен А.М. (59), по пријава од неговата вонбрачна партнерка дека ја присилил да го напушти семејниот дом.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи и по нивното целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

„Ќе помогнеме Меланија и нејзиното семејство да бидат безбедни“ – Славјанка Петровска понуди помош за семејството од Куманово

Македонија | пред 1 седмица

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Три лица уапсени, меѓу жртвите и деца: седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие

Македонија | пред 1 месец

semejno-nasilstvo

Условна казна за членот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски кој ја тепаше сопругата

Македонија | пред 1 месец

media-librarydf8o29gcti062u6iPKI

„Ова се истите што велат ‘маж ѝ е, што сака нека ѝ прави’, немањето емпатија е симптом на нарушено ментално здравје“ – остра реакција по случајот на насилство врз жена

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања