Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Полицајците со камери, а жртвите на семејно насилство ќе можат да се јават со видео до МВР и ЦУК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 минути -

Македонија
media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Жртвите на семејно насилство ќе добијат можност да воспоставуваат видео повици со Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи, а полициските службеници ќе бидат опремени со боди камери што ќе испраќаат директен видео сигнал до командните центри. Двата проекта ги најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во ТВ гостување.

— реклама —

Преку видео повиците, жртвите ќе можат да ја документираат состојбата додека пристигне полицијата, а снимките потоа ќе може да се користат како докази во кривичните постапки.

— реклама —

Боди камерите, според најавата на Тошковски, ќе имаат можност за преведување во живо на повеќе од 40 јазици, испраќање видео до командните центри и користење вештачка интелигенција за утврдување одредени факти. Полицајците што нема да ги користат ќе сносат последици. Проектот треба да биде целосно спроведен на територијата на Македонија до средината на 2027 година, а во моментов се реализира пилот-проект во Велес.

Тошковски го оцени семејното насилство како едно од најголемите општествени зла и посочи дека е потребен координиран одговор од сите надлежни институции.

— реклама —

Според податоците што ги презентираше, во Скопје бројот на кривични пријави поврзани со семејно насилство годинава достигнал 506, наспроти 280 во текот на 2025 година. Зголемувањето, како што објасни, се должи и на законските измени со кои од почетокот на годинава семејното насилство со лесна телесна повреда се гони по службена должност.

— реклама —

Тој посочи и дека во 2026 година, заклучно со 25 ноември, на територијата на Македонија биле изречени 102 притвори и 168 итни мерки во случаи на семејно насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1onc2mgg2ldi1XN3EgN

Напади врз сопружници, партнери и членови на семејството – 15 пријави за семејно насилство

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryrpkbu6bfgsc01paNMhT

Електронски алки за следење на насилниците и отстранување од домот на 48 часа предвидуваат новите законски измени за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

За 69 отсто зголемени пријавите за семејно насилство, речиси 1.900 случаи за десет месеци, меѓу жртвите и 100 деца

Македонија | пред 1 седмица

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Осум случаи на семејно насилство за еден ден

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања