Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Албанија е со Скопје“: Во Тирана ќе протестираат за правосудниот испит на албански јазик во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarybdqhu40hthst75Iqs6I
unsplash

Студенти од Албанија најавија протест во Тирана на 26 мај, во поддршка на студентите Албанци од Македонија кои бараат правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик.

Според најавите објавени во албанските медиуми, протестот ќе започне во 17 часот во центарот на Тирана, по што демонстрантите ќе маршираат до Амбасадата на Македонија во албанската престолнина.

— реклама —

Организаторите за слоган го избрале „Албанија е со Скопје“, нагласувајќи дека сакаат да испратат „порака за единство и поддршка на Албанците преку границите“.

— реклама —

Студентите Албанци од неколку универзитети во Македонија веќе подолг период бараат завршните испити по право да можат да ги полагаат на албански јазик.

Нивното барање не доби позитивен одговор од Министерството за правда, по што следуваа и протести во Скопје.

— реклама —

Првиот протест беше одржан на 6 април, кога властите најавија дека ќе се бара решение за проблемот. Втор протест се одржа на 18 мај во центарот на Скопје.

— реклама —

На протестот во Скопје беа носени албански, американски и знамиња на Европската Унија, а дел од демонстрантите извикуваа и „УЧК“. Имаше и транспаренти со пораки „Знаењето нема забранет јазик“, „Овој јазик има маченици зад себе“ и „Политиката го зароби Уставниот суд“.

Во меѓувреме, Владата најави дека во рок од една недела ќе претстави решение за правосудниот испит, а заменик-премиерот Беким Сали изјави дека се работи и на поширок пакет за слични прашања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 21 минута

— реклама —
media-libraryv6a3pt44u66i5NAg5Lp

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Македонија | пред 2 дена

media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Правосудниот испит ја разгоре политичката расправија: ЗНАМ се заканува со напуштање на Владата, албанските партии му порачаа на Димитриевски дека Врање е блиску

Македонија | пред 4 дена

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Правосудниот испит во кој се симулира судски процес ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања