Промени тема
Контакт

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската унија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-10-15-100320

Во Луксембург ќе се одржи втората меѓувладина конференција меѓу Албанија и Европската унија, каде ќе бидат отворени преговорите.

Албанија ќе биде првата земја-кандидат за членство која ќе ги отвори пристапните преговори според изменетата методологија за проширување, најави Унгарија, која претседава со Унијата, јавува Анадолија.

— реклама —

Кластерот 1 опфаќа фундаментални реформи и го отвора патот за почеток на преговори за поглавјата од другите кластери.

Првиот кластер наречен „фундаментални прашања“ ја претставува најважната област имајќи предвид дека содржи поглавја поврзани со демократските институции, владеењето на правото, судството, политичките и економските критериуми, реформите во јавната администрација, јавните набавки, финансиската контрола и статистиката...

— реклама —

По воведувањето на ревидираната методологија за пристапни преговори во 2020 година, поглавјата од преговорите беа поделени во шест тематски групи, односно кластери, и тоа: фундаментални прашања, внатрешен пазар, конкурентност и инклузивен раст, зелена програма и одржливо поврзување, ресурси, земјоделство и кохезија и надворешните односи.

— реклама —

Албанија аплицираше за членство во ЕУ во април 2009 година и доби статус на кандидат во јуни 2014 година. Во јули 2022 година, ЕУ ја организираше првата меѓувладина конференција со Албанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Цената на гасот над 70 евра: ЕУ повикана да ја намали потрошувачката

Свет | пред 3 дена

— реклама —
mkd-429029

Фон дер Лајен добива критики од сопствениот табор за вештачката интелигенција

Свет | пред 5 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон

Свет | пред 6 дена

media-libraryei470e6nhq277knADVN

Царините и новите правила на ЕУ би можеле да ги поскапат електричните автомобили за илјадници евра

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања