Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Албанскиот корупциски скандал ја допира и Македонија: фирмите вмешани во аферата на Балуку работеа и кај нас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-libraryd1868rcna2pm9puueJN

Специјалната антикорупциска структура – СПАК во Тирана ја суспендираше вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку и ѝ забрани да ја напушти Албанија, поради сомнежи за местење тендери и злоупотреба на службена положба. Според соопштението, Балуку заедно со членови на тендерските комисии однапред ги договарале победниците во две големи постапки – за тунелот Логара и за надворешната обиколница број 4 околу Тирана, при што фаворизирале конкретни приватни компании и создавале неправични предности во процесот.

— реклама —

Во документите за јавни набавки се појавуваат и албанските фирми „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“, кои во последните години беа поврзувани со спорни зделки и во Македонија. „ПЕ-ВЛА-КУ“ беше партнер на „Тхор Индустрис“ на Дрин Ахмети во време на преземањето на ТЦ „Соравија“ во Скопје, а „Ѓока Констракшн“ беше единствениот понудувач на тендерот за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар. Во Албанија, „ПЕ-ВЛА-КУ“ работела на обиколницата околу Тирана, а „Ѓока Констракшн“ фактички го градела тунелот Логара како подизведувач иако тендерот првично бил поништен.

— реклама —
— реклама —

Албанскиот премиер Еди Рама не одговори дали ќе ја разреши Балуку, но го критикуваше СПАК дека се меша во ингеренциите на извршната власт. Одлуката е еден од најголемите удари на СПАК врз висок функционер во земјата и отвора дополнителни прашања за регионални врски, влијание и сомнителни деловни практики на компаниите кои настапуваат и во Македонија. Истрагата продолжува и се очекува проширување на мерките.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrc31gtj3gqdn755Wzub

(Видео) Нови судири во Тирана: Демонстрантите палат канти и фрлаат камења кон полицијата

Настани | пред 13 часа

— реклама —
media-library98up96cgrkggfNOOCfY

(Видео) Хаос во албанскиот парламент: Факели, свирчиња и блокирана говорница, Рама одбива оставка

Настани | пред 1 ден

media-libraryjnt2jh6ag8hg8MEtOZm

17. ден протести во Албанија: Студентите и граѓаните бараат оставка од Еди Рама

Балкан | пред 1 ден

policija-1

Нов инцидент во албанскиот парламент, опозицијата ја блокираше говорницата и запали факели

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања