Промени тема
Контакт

Алкохол, цигари, мебел и PlayStation контролери – шверц откриен во автомобили и автобуси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryjv5ai1l659q92qRcTre

Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село во изминатиот период запленија речиси три илјади парчиња стока – меѓу кои алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со ознаки на заштитени брендови, мебел и автоделови. Против сторителите се поведени посебни постапки, информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија.

На граничниот премин Блаце, цариниците откриле повеќе од 700 парчиња разна стока, меѓу кои играчки, парфеми, козметика и мебел.

— реклама —
  • Во комбе управувано од македонски државјанин биле пронајдени 600 парчиња играчки, скриени во фабрички шуплини.

  • Во друг случај, царинските службеници заплениле 143 парчиња парфеми и козметика, сокриени под патосниците и во багажниот простор на автомобил.

  • Во товарно возило, пријавено како „празно“, биле откриени три гарнитури мебел.

На граничниот премин Табановце, во три одделни случаи биле запленети 26 шишиња алкохолни пијалоци, повеќе од 200 електронски цигари и уред за авто-дијагностика. Дополнително, мобилен царински тим спречил обид за шверц на осум сета водни и воздушни пумпи со соларен панел, наменети за фонтани и аквариуми.

— реклама —
  • Во првиот случај, 26 шишиња алкохол со вредност од околу 30.000 денари биле пронајдени во автомобил со германски таблички; сопственикот не ја пријавил стоката за да избегне плаќање царински давачки од околу 7.000 денари.

  • Во вториот, 209 електронски цигари биле пронајдени во автобус на релација Брисел – Скопје.

  • Во третиот, бил откриен уред за авто-дијагностика во возило со привремени германски таблици.

На граничниот премин Богородица, при контрола на стока во транзит, мобилните тимови заплениле 1.200 безжични контролери за Sony PlayStation и 650 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки. Според Царината, стоката е одземена поради сомневање за повреда на интелектуална сопственост.

— реклама —

На граничниот премин Ново Село биле пронајдени автоделови сокриени во автомобил управуван од македонски државјанин. Стоката е запленета, а против возачот е поведена соодветна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq8tfqndkobls8lTwIoy

Приведен висок функционер на Царината, кај него пронајдени обележани 17.500 евра

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0evp966s0u5131urIAf

Царината со засилени контроли на Охридското Езеро: Проверени 38 пловни објекти

Македонија | пред 1 месец

media-librarysdf7kol50cdjbsB7axH

Грчки државјанин на Табановце изјавил дека носи 60.000 евра, цариниците при контрола откриле повеќе од 124.000 евра

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv772s79mfk0dfEMHTpa

Царината воведува паметни граници и автоматизирани царински терминали

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања