Алсат: Кичевчанецот со можни мајмунски сипаници избегал од болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
unguq1uqvfhqjvyzjmn8

43-годишно лице од Кичево можеби е заразено од мајмунски сипаници. По 3 недели престој во Австрија, побарал лекарска помош кога се вратил. Од кичевската болница за Алсат  велат дека на одделението пристигнал во понеделникот со симптоми на изнемоштеност и видливи траги на кожата. Од првите прегледи на дежурниот лекар му било препорачано да остане во болница и да се тестира за мајмунски сипаници. Но, според тамошните власти, кичевчанецот побегнал и не го посетил ниту матичниот лекар.

— реклама —

„Овој пациент првично се пријавил кај матичниот лекар во понеделникот и веднаш бил упатен, иако имале тешка соработка со пациентот. Во моментов не можам да одговорам дали е примен на Инфективна клиника или не. Тој беше во нашата болница во понеделник-вторник и му беше укажано да оди на Инфективна клиника во Скопје, но не се појави во дежурната служба, па затоа потенцирам дека имавме тешка соработка со пациентот и не знам што друго да ви кажам во моментов“, изјави Станко Трпески, директор на болницата во Кичево.

Според здравствениот протокол, осомничениот заболен од мајмунски сипаници со возило на брза помош требало да биде пренесен на Инфективната клиника во Скопје. Подрачната болница нема средства за вакви испитувања, но директорот на Здравствениот дом во Кичево рече дека пациентот не се појавил ниту во Одделението за брза помош.

— реклама —

Кичевчанецот со можни мајмунски сипаници избегал од болница! - Алсат ТВ (alsat.mk)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfe1c2cbnurfq5Yw7Tp0

Епидемија на мали сипаници во Јужна Каролина

Свет | пред 6 часа

unguq1uqvfhqjvyzjmn8

Во Македонија нема мајмунски сипаници

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-11-at-09.47.32

Како да се заштитиме себеси и другите од мајмунски сипаници?

Магазин | пред 3 години

aleksandar-petlickovski-960x698-1

Итен состанок за мајмунските сипаници, се бараат конкретни рестрикции

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања