Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Амар Мециновиќ по првиот круг: „Скопје се разбуди – сега сопствените соништа ќе ги види на јаве“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, се огласи по резултатите од првиот круг на локалните избори, во кој обезбеди место во вториот круг заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

„Скопјани мои најмили, ви благодарам од сѐ срце – на сите кои го дадоа својот глас, сите волонтери и активисти, сите кои агитираа, споделуваа и веруваа дека Скопје заслужува повеќе,“ напиша Мециновиќ.

— реклама —

Тој истакна дека за време на кампањата создале вистинско движење, кое покажало дека искреноста и креативноста и понатаму допираат до луѓето.

— реклама —

„Почнавме со замисла дека политиката може повторно да делува човечки. Сега кога дојдовме до вториот круг, изборот е јасен – стариот систем кој го истроши градот или новиот кој заедно го градиме, каде колективниот интерес е пред партискиот.“

Мециновиќ нагласи дека оваа борба никогаш не била за него лично, туку за сите скопјани „кои одбраа да се надеваат наместо да се предадат“.

“Надежта ќе ја претвориме во реалност во овој круг – со храброст, достоинство и неизмерна љубов кон сопствениот град. Скопје се разбуди. Сега сопствените соништа ќе ги види на јаве,“ заврши кандидатот на Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања