Амбер Херд има план: Свесна е за крајот на нејзината кариера во Холивуд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Headline

Актерката Амбер Херд го загуби спорот што го имаше со нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, за што ќе мора да му плати 8,35 милиони долари. Како што шпекулираат медиумите, таа ја отпишала својата холивудска кариера, па сега на секој начин се труди да дојде до голема сума на пари.

— реклама —

Според добро упатен извор од магазинот „ОК“, актерката ќе напише книга од која се надева дека ќе профитира, а во која уште еднаш ќе ја раскаже својата страна на приказната.

— реклама —

"Амбер смета дека нејзината кариера во Холивуд е завршена. Таа веќе е во преговори за книгата и е возбудена поради тоа. Во моментов нема што да загуби и сака да каже се", рекол изворот.

— реклама —

Од друга страна, адвокатот Дрор Бајкец вели дека со објавувањето на оваа книга Амбер би можела повторно да се соочи со потенцијални тужби.

„Таа треба да биде многу внимателна. Доколку ја помине границата, што е веројатно, нема сомнеж дека ќе биде погодена од уште една тужба за клевета и веднаш ќе заврши на суд“, рече Бакец.

Инаку, претставниците на медиумите не ги потврдија ниту ги демантираат написите на Херд за книгата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

johnny-depp-sept-2020

Џони Деп го продава автопортрет што го нацртал додека минувал низ тежок период во животот

Магазин | пред 2 години

Нема фотографија

Џони Деп во улога на Луј Петнаесетти

Магазин | пред 3 години

Screenshot_14

Џони Деп во врска со негова поранешна адвокатка

Магазин | пред 3 години

20042022_johnny-depp_reuters

Џони Деп донираше пари во болницата на која Херд вети дека ќе и помогне

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања