Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Американски воен авион слета во Москва: Летот предизвика внимание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
avion-1
Илустрација

Американски воено-транспортен авион „Боинг Ц-17А Глоубмастер III“ слетал на московскиот аеродром „Внуково“, покажуваат податоците од системите за следење на воздушниот сообраќај.

— реклама —

Според достапните информации, авионот претходно полетал од американската воздухопловна база „Ендрус“ во близина на Вашингтон, а попатно застанал во Рига, Летонија.

— реклама —

Неименуван извор од службите на Европската Унија за контрола на воздушниот сообраќај потврдил за руската агенција ТАСС дека авионот од Рига продолжил кон руската граница. Според РИА Новости, тој полетал од летонската престолнина околу 8:50 часот, а околу 10 часот по локално време слетал во Москва.

Базата „Ендрус“ вообичаено се користи и за летови на американскиот претседател и други високи американски функционери.

— реклама —

Сепак, од Кремљ засега нема потврда за причината за пристигнувањето на американскиот воен авион во Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашање од новинарите дали може да го коментира слетувањето, кратко одговорил дека нема информации за случајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 14 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 16 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања