Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Американските сили онеспособија танкер кој пловел кон Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw
Photo by Mike Andersen on Unsplash

Американските сили онеспособиле нафтен танкер во Оманскиот Залив откако бродот наводно ја прекршил поморската блокада кон Иран и се обидел да вплови во иранско пристаниште, соопшти Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ).

— реклама —

Според американската страна, танкерот „Маривекс“, кој плови под знамето на Палау, се наоѓал во меѓународни води и се движел кон Иран кога бил пресретнат од американските сили.

— реклама —

Од ЦЕНТКОМ наведуваат дека екипажот не постапил според издадените наредби, по што борбен авион Ф/А-18 „Супер Хорнет“ од носачот на авиони USS Abraham Lincoln употребил прецизна муниција врз машинскиот простор и системот за управување на бродот.

Американската војска тврди дека по нападот танкерот повеќе не продолжил кон Иран.

— реклама —

Поморската блокада на сообраќајот кон иранските пристаништа САД ја спроведуваат од 13 април. Според податоците на ЦЕНТКОМ, од почетокот на операцијата биле онеспособени седум комерцијални бродови, а уште 134 биле пренасочени.

— реклама —

Од американската команда посочуваат дека овие активности се спроведуваат и покрај актуелното примирје меѓу САД и Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library753l9u9pj4g359nNunx

САД депортирале рекордни 483.200 лица во една година

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library0macachlreevcFQIboH

Едно лице загина, неколкумина повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Свет | пред 1 ден

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 3 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања