„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ана Чупеска остро кон Тошковски: Можеш дома да си осветуваш со поп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 20 часа -

Македонија
media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Ана Чупеска, советничка во СДСМ и поранешна потпретседателка на партијата, остро реагираше на објавените фотографии од верски обред и осветување на службени возила во кругот на Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во својата јавна реакција, Чупеска го оцени потегот како несоодветен, непримерен и навредлив за дел од вработените во МВР кои не се православни христијани или се атеисти, посочувајќи дека станува збор за институција која мора да биде целосно неутрална во однос на верските убедувања.

„Се прашувам, кога ќе дојдат на ред претставниците од ИВЗ, Јеховините сведоци, Харе Кришна и сите останати верски или духовни заедници да ги осветуваат возилата на МВР?“, прашува Чупеска, додавајќи дека полициските возила се јавно добро, купени со пари на сите граѓани и треба да им служат подеднакво на сите.

— реклама —

Таа истакнува дека министерот може приватно да практикува верски обреди во својот дом, но дека институцијата МВР не смее да биде, како што наведува, „заложник на лични верски убедувања“.

„Ова е чист пример за симболично насилство. Наместо пораки за мир и хармонија во празнични денови, чија суштина е прифаќање и соживот со другиот, ваквиот гест отвора сериозни прашања за пораката што ја испраќа државата“, наведува Чупеска.

Во реакцијата таа директно прашува и каква порака сака да испрати министерот за внатрешни работи, додавајќи дека ваквите постапки оставаат впечаток оти „законот и државата припаѓаат само на една група“.

Реакцијата на Чупеска доаѓа во контекст на поширока јавна дебата за границата меѓу верските обичаи и функционирањето на секуларните државни институции, по објавувањето на фотографии од верски обред во кругот на МВР, за кои институцијата најави внатрешна проверка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

toskovski

Министерот Тошковски имал успешна операција на скопските клиники: „МВР функционира без застој“

Македонија | пред 1 месец

media-library2tg12q3i6ual5fIJ9Bi

Намалени се гужвите на „Табановце“ со „One Stop“ системот, вели Тошковски

Македонија | пред 3 месеци

TOSE-FB

„Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек“ - Зафиров предупредува на егзодус од Македонија

Македонија | пред 5 месеци

toskovski-sednica

Тошковски разреши седум началници од СВР Штип и ОВР Кочани

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања