По досегашните пребројани гласови, кои според податоците на ДИК, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во 55 општини, Ана Чупевска од СДСМ вечерва во „Претрес“ вели дека СДСМ има нагорен тренд и ги смета локалните избори за успех.
Очекува влегување на партијата во втор круг во Скопје, иако во моментов нивната кандидатка Каја Шукова е на третата позиција, зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и зад кандидатот на Левица, Мециновиќ.