Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Аналитичар: Растот на цените на нафтата и гасот нема да биде краткорочен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
nafta-696x465-1

Наглиот раст на цените на нафтата и природниот гас, предизвикан од ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, нема да биде привремен, туку може да прерасне во подолгорочен тренд, предупредуваат економските аналитичари.

— реклама —

Цената на „брент“ нафтата утринава надмина 115 долари за барел, што е највисоко ниво во последната недела, додека цените на гасот пораснаа за околу 30 проценти. Причина за ова се нападите врз енергетската инфраструктура и сериозните нарушувања во снабдувањето.

Клучен проблем претставува и отежнатиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, преку кој се транспортира значителен дел од светските енергенси.

— реклама —

Џејмс Мидвеј, заменик-директор на британскиот тинк-тенк „Вердант“, оценува дека станува збор за многу посериозен шок од очекуваното.

— реклама —

„Ова не е краткорочен скок. Пред неколку недели постоеше надеж дека пазарите ќе се стабилизираат, но сега ситуацијата е суштински променета“, вели Мидвеј.

Тој посочува дека, покрај проблемите со транспортот, сега се јавуваат и директни удари врз производството на нафта и гас, особено гасот, што дополнително ја намалува глобалната понуда.

Според него, ваквиот развој укажува дека ценовниот раст ќе има подолгорочни последици и ќе продолжи да врши притисок врз економиите ширум светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Пад на цената на нафтата на светските берзи, денес нова одлука за горивата во Македонија

Свет | пред 2 дена

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Нафтата „Брент“ над 110 долари за барел поради стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 6 дена

nafta

Цената на нафтата нагло паѓа по одлуката на Трамп за укинување на санкциите кон Русија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања