Промени тема
Контакт

Аналитичари предупредуваат: Вештачката интелигенција не ги дава очекуваните резултати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5
unsplash

Технолошките компании и голем број корпорации во последните години масовно вложуваат во вештачка интелигенција, но новите истражувања покажуваат дека очекуваните резултати засега главно изостануваат.

Според анализите, од 2022 година досега во развој на вештачка интелигенција, дата-центри и инфраструктура биле вложени повеќе од илјада милијарди долари, додека паралелно се спроведувале масовни отпуштања.

— реклама —

Истражување на компанијата „Гартнер“, спроведено меѓу 350 директори на големи глобални компании, покажало дека дури 80 проценти од нив го намалиле бројот на вработени за да инвестираат во автоматизација и вештачка интелигенција.

Сепак, голем дел од компаниите признале дека не се сигурни дали овие инвестиции навистина носат поголема продуктивност и намалување на трошоците.

— реклама —

Истражувањето покажува и дека компаниите што отпуштале работници заради вложувања во вештачка интелигенција не оствариле подобри финансиски резултати од оние што тоа не го направиле.

Најдобри резултати, според анализата, имаат фирмите што ја користат вештачката интелигенција како алатка за помош на вработените, а не како нивна замена.

— реклама —

Во меѓувреме, американските компании во 2025 година најавиле повеќе од 1,09 милиони откази, што е за 65 проценти повеќе во споредба со претходната година.

Најголем број отпуштања има во технолошкиот сектор, но значителен раст е забележан и во логистиката, складирањето, малопродажбата, медиумите и услужните дејности.

— реклама —

Дополнително, истражување на МИТ покажало дека дури 95 проценти од проектите со вештачка интелигенција во 2025 година не донеле значителен раст на приходите.

Аналитичарите предупредуваат дека, доколку не се случи сериозен технолошки пробив, постои ризик огромните инвестиции во вештачката интелигенција да се претворат во голем финансиски балон со пошироки економски последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycb32faq7ode8evt2lDv

Новата Meta AI апликација за Mac го менува начинот на кој ги користиме компјутерите

Технологија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarydbphrrfvhpto56sm5rN

Експертите предупредуваат: Преголемото потпирање на AI може да ги ослаби нашите способности

Магазин | пред 1 месец

media-libraryc2p0qnnvf5bd2I5FxAq

Трошоците за вештачка интелигенција растат, инвеститорите стануваат сè позагрижени

Свет | пред 2 месеци

media-librarydndrt9on4snacpK42Iq

Anthropic откри безбедносен пропуст: AI моделите пристапиле до реални интернет-системи

Магазин | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања