Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Трошоците за вештачка интелигенција растат, инвеститорите стануваат сè позагрижени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-libraryc2p0qnnvf5bd2I5FxAq
Photo by julien Tromeur on Unsplash

Најголемите светски технолошки компании продолжуваат да инвестираат огромни средства во развојот на вештачката интелигенција, но сè повисоките трошоци и големиот пад на вредноста на акциите на производителите на чипови ги зголемуваат сомнежите за долгорочната исплатливост на овој бум, објавува американската телевизиска мрежа CNBC.

Според анализата на CNBC, повикувајќи се на податоци од „Голдман Сакс“, капиталните расходи на најголемите технолошки компании годинава би можеле да достигнат 765 милијарди долари, а следната година да пораснат на речиси 1,2 трилиони долари.

Компаниите веќе ги чувствуваат последиците од ваквото темпо на трошење. „Амазон“ ја зголеми прогнозата за капитални инвестиции на 220 милијарди долари и пријави негативен слободен паричен тек од 7,6 милијарди долари во последните 12 месеци. „Мета“ објави пад од 91 процент на готовинскиот тек во споредба со лани, додека „Алфабет“ за првпат регистрираше негативен паричен тек.

— реклама —

Една од главните причини за растот на трошоците е недостигот на меморија, предизвикан од огромната побарувачка за процесори за вештачка интелигенција. Тоа особено ги погодува компаниите како „Епл“, која веќе ги зголеми цените на компјутерите и таблетите, а аналитичарите очекуваат подоцна годинава да поскапат и моделите на „ајфон“.

Во меѓувреме, акциите на водечките производители на чипови претрпеа значителен пад. Според анализата на CNBC и платформата FactSet, 20-те највредни компании во секторот за чипови изгубиле околу 1,3 трилиони долари пазарна вредност за само неколку дена. Големи загуби забележаа компаниите „Nvidia“, „AMD“, „TSMC“, „Samsung“, „Micron“ и „SK Hynix“.

— реклама —

Мајкл Филд, главен стратег за акции во „Морнингстар“, оцени дека станува збор за губење доверба кај инвеститорите.

— реклама —

„Продолжуваме да гледаме раст кај многу компании поврзани со вештачката интелигенција, но голем дел од нивната вредност се темели на очекувани идни приходи, што бара високо ниво на доверба од инвеститорите“, изјави Филд.

Сличен став има и Чарли Деј од консултантската компанија „Форестер“, кој предупреди дека инвеститорите сè повеќе се прашуваат дали краткорочните приходи можат да ги оправдаат рекордните инвестиции во инфраструктура за вештачка интелигенција, особено во услови на засилена конкуренција во производството на чипови и развојот на ВИ-инфраструктурата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydndrt9on4snacpK42Iq

Anthropic откри безбедносен пропуст: AI моделите пристапиле до реални интернет-системи

Магазин | пред 1 ден

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Повеќе од 1.100 експерти предупредуваат: Потребна е контрола врз вештачката интелигенција

Свет | пред 3 дена

ursula

Европа влегува во трката со САД и Кина: Ќе се градат седум гигацентри за вештачка интелигенција

Свет | пред 3 дена

microsoft

Вештачката интелигенција му донесе рекордни резултати на Мајкрософт

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања