Промени тема
Контакт

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по цена на човечки животи, како во времето на СДСМ и Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryenl0lrvtrpne4Jln24o

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го обвини СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче дека се спротивставуваат на инвестициите и развојот на земјата.

Во објава на социјалните мрежи, Андоновски наведува дека, според него, СДСМ и Филипче ќе бидат против центрите за податоци, странските инвестиции, високите технологии и новите вработувања, со цел Македонија да не напредува.

— реклама —

Тој вели дека Владата ќе продолжи со привлекување нови инвестиции во високотехнолошкиот сектор и со развој на земјата во дигиталната сфера.

„За нивно жалење, ќе има и нови инвестиции во високи технологии и ќе се развива Македонија во дигиталната сфера“, напиша Андоновски.

— реклама —
— реклама —

Според него, развојот на високите технологии нема да значи компромис со животната средина, воздухот и водата.

Андоновски во објавата упати и критики кон поранешното работење на СДСМ, при што го спомена и Филипче во контекст на неговото поранешно извршување на функцијата министер за здравство.

„Ние не сме луѓе кои ќе дозволат, заради матни тендери, живи да изгорат пациенти во болници. Или да немаат ниедна контрола за чистота на водата со години, а да вршат функција министер за здравство“, наведува Андоновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryve0vscogfdt69dEYCGe

Над 400.000 електронски барања на uslugi.gov.mk: Септември со рекордна употреба

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarydpqkgq6lq98qddRQRl7

Андоновски од Импакт Букурешт: Со регионална соработка до повеќе инвестиции во вештачката интелигенција и подобра дигиталната инфраструктура

Македонија | пред 1 седмица

media-library6puvnl3c0ch53NphE5Q

Нов Центар за услуги во Кочани: Граѓаните ќе добиваат електронски услуги на едно место

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryiva4m3khp9vb3LLFmOq

„Ниту еден податочен центар нема да има предност пред снабдувањето на граѓаните со струја и вода“, вели Андоновски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања