„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Андоновски во ЕК во Брисел: Дигиталната трансформација е приоритет на новата Влада во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Министерот за дигитална трансформација се обрати на 3-ти регулаторен дијалог меѓу Европската Унија и Западен Балкан, на кој присуствуваат Генралниот директор на Директоратот за поврзување (DG Connect), Роберто Виола, како и министрите задолжени за дигитализација од Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

— реклама —

Андоновски ја истакна важноста на формирањето на новото Министерство за дигитална трансформација во Македонија. „Неодамнешното формирање на нашето Министерство за дигитална трансформација означува значајна пресвртница во патот на Македонија кон безбедна и сеопфатна дигитална трансформација. Ова министерство го нагласува огромното значење што нашата влада и го придава на дигиталната трансформација како клучен приоритет за напредокот на државата“, истакна Андоновски.

— реклама —

Андоновски ги подвлече најзначајните достигнувања на Владата во поглед на дигиталната трансформација во првите 100 денови од мандатот.

„Во првите 100 дена објавивме 80 нови електронски услуги, со што бројот од 120 се зголеми на 200 е-услуги. Очекуваме 100 нови е-услуги во наредната година, што ќе значи 100% зголемување во однос на претходниот 4-годишен период. Во првите 100 дена од новата влада го редизајнираме порталот за национални услуги, со цел да биде полесен пристапен, со подобро корисничко искуство, достапен за лицата со попреченост, потранспарентен и општоприфатен.“

Регулаторниот дијалог се фокусира на новите правила на Европската унија во врска со прифаќањето на вештачката интелигеција, законите за употребата на електронски документи и дигиталната економија, како и сајбербезбедноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

stefan-and-1

Андоновски ја отвори глобалната Сајбер Конференција во Цирих

Македонија | пред 1 година

image00004-1

Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа

Македонија | пред 1 година

stefan-andonovski1-1

Андоновски: Нема да дозволиме корупцијата и приватниот интерес да надвладеат над сајбербезбедноста

Македонија | пред 1 година

andonovski1-1

Андоновски ја отвори јавната расправа за Националната стратегија за сајбер безбедност 2024-2028

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања