Андреј Жерновски: Цинизмот на власта кулминира – најавуваат „Сејф кантри“ додека Британија зборува за депортации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Коментари
zernovski

„Сејф фунти за несејф кантри. Цинизмот на оваа власт одамна престана да биде само стил – стана политика. По проектот „Сејф сити”, Мицкоски најавува ново „визионерство“: проект наречен „Сејф кантри“. И тоа токму во моментот кога британските власти јавно соопштуваат дека со неговата влада разговарале за депортација на мигранти – лица одбиени во Обединетото Кралство поради кри минални досиеја – во замена за пари, вели Андреј Жрновски, поранешен пратеник во Собранието на Македонија.

— реклама —

„Прашањето овде не е политичка реторика, туку безбедносна реалност. Колку „сејф“ може да биде една држава која, наместо да ги зајакнува сопствените институции, мора неспособноста и дупките во државниот буџет да ги пополни со прифаќање туѓи безбедносни проблеми? Каква сигурност им се гарантира на граѓаните, кога Македонија се нуди како дестинација за лица кои дури и за далеку помоќни држави се проценети како ризик?

— реклама —

Граѓаните не бараат „сејф“ слогани. Бараат сигурни улици, функционални институции и власт што нема да ги третира како колатерална штета во сомнителни меѓународни договори. Сè друго е цинизам – и опасна игра со иднината на државата.

— реклама —

Токму деновиве, Европската комисија ја претстави првата петгодишна стратегија за управување со азилот и миграциите, со три јасни цели: спречување на илегалната миграција, заштита на луѓето кои бегаат од војни и прогон и привлекување квалификувана работна сила за зајакнување на економската конкурентност на Европската Унија. Во таа европска рамка нема место за ад-хок договори, тајни зделки и финансиски аранжмани што ги заобиколуваат институциите и јавната дебата. Напротив, европскиот пристап подразбира систем, правила и одговорност.

Да заклучиме. Ако Македонија навистина ја гледа својата иднина во Европската Унија, тогаш мора да покаже дека е подготвена да води миграциска и безбедносна политика усогласена со европските стандарди, меѓународното право и сопствениот јавен интерес. Европа не се гради со трговија на суверенитет и со увоз на ризици, туку со институционална зрелост, транспарентност и јасна визија во која безбедноста на граѓаните е неприкосновена.

Сè друго не е европски пат, туку опасна импровизација“, вели Жерновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya55ppdr7uskh8H49gJP

Жерновски го критикува Муцунски: Кризата со транспортерите се решава на маса - очи во очи

Коментари | пред 4 дена

media-libraryq8b106n5kdvg4sq3MhW

„Власта „најде решение“ за младите да останат во Македонија - со суспендирани визи за САД“: Жерновски со саркасточен стил упати критики до власта

Македонија | пред 2 седмици

media-library99fnel8n13js4NNAqVt

Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата

Македонија | пред 1 месец

zernovski1

Жерновски за обвинувањата дека е амбасадор на диво: Со страст ќе ги отвориме темиве штом заврши мојот мандат

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања