ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

„Власта „најде решение“ за младите да останат во Македонија - со суспендирани визи за САД“: Жерновски со саркасточен стил упати критики до власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryq8b106n5kdvg4sq3MhW
ФБ

Поранешниот амбасадор на Македонија во Романија и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, остро ја критикува владината политика по одлуката на САД за суспендирање на имигрантските визи, оценувајќи дека таа е директна последица на лоша дипломатија и лажно прикажани „специјални односи“ со Вашингтон. Според него, наместо со подобри услови за живот, младите се „задржуваат“ во државата преку рестрикции и меѓународна изолација, што претставува пораз за надворешната политика и сериозен удар врз перспективата на земјата.

— реклама —

НЕМА ВИЗА НИ ЗА ПЕРИМЕТАРОТ

— реклама —

Браво за Мицкоски!

Конечно најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – така што САД нема да им даваат визи.

Не со подобри плати, не со квалитетно образование, не со сигурни институции, туку со меѓународни рестрикции.

Од една страна, владата зборува дека ќе направи сè младите да останат дома. Од друга страна, под нејзино водство, Македонија завршува на листа на земји за кои САД ја суспендираат имигрантската политика. Ако ова е планот – тогаш навистина функционира: не заминуваш затоа што сакаш, туку затоа што не можеш.

Ова не е политика за младите, туку политика на затворање. Наместо да создаде услови поради кои младите би избрале да останат, власта создава услови поради кои светот им ги затвора вратите.

Мицкоски ветува иднина во Македонија, а испорачува изолација.

Ветува надеж, а носи рестрикции.

Ветува перспектива, а добивме повик за будење од реалноста.

Неговите „одлични, специјални односи“ со САД и со Трамп се толку одлични, што реалноста ни донесе повисоки царини за македонските производи и суспендирани визи за македонските граѓани.

Мицкоски веќе втора година нè убедува дека е „во периметарот на Трамп“, па затоа сето ова е резултат на лажно прикажаните односи и слабата дипломатија.

Погубно е вината да ја бараме во САД, бидејќи проблемот лежи во митот за „прв другар со Трамп“, кој мит е креиран и постои само во домашната пропаганда. Затоа, ова не е проблем на Вашингтон, туку на неспособната и саморекламерска надворешна политика, која повеќе служи за па-ар стратегија, отколку за заштита на интересите на македонските граѓани.

Вистинската опозиција денес има обврска да го каже ова јасно:

додека Мицкоски зборува за пријателства, Македонија плаќа цена.

А тоа е најсилниот доказ дека „специјалните односи“ постојат само во неговите изјави – не и во реалниот свет, пишува Жерновски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zernovski

Андреј Жерновски: Цинизмот на власта кулминира – најавуваат „Сејф кантри“ додека Британија зборува за депортации

Коментари | пред 1 ден

media-librarya55ppdr7uskh8H49gJP

Жерновски го критикува Муцунски: Кризата со транспортерите се решава на маса - очи во очи

Коментари | пред 5 дена

media-library99fnel8n13js4NNAqVt

Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата

Македонија | пред 1 месец

zernovski1

Жерновски за обвинувањата дека е амбасадор на диво: Со страст ќе ги отвориме темиве штом заврши мојот мандат

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања