„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Муцунски за запирањето на визите за САД: Студентските, бизнис и туристичките визи не се засегнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
mucunski-sednica

Одлуката на Соединетите Американски Држави за привремено запирање на одредени визни постапки не значи ограничување за македонските граѓани кои патуваат поради образование, бизнис или туризам, туку се однесува исклучиво на имигрантските визи, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

— реклама —

По средбата со раководството на МАСИТ, Муцунски одговараше на новинарски прашања поврзани со одлуката на Стејт департмент за привремена суспензија на постапките за имигрантски визи за околу 75 земји, меѓу кои и Северна Македонија.

Министерот нагласи дека во јавноста погрешно се создава впечаток дека станува збор за поширока забрана. „Не станува збор за никаква црна листа, ниту за прекин на визниот режим во целина. Станува збор за привремена суспензија само на имигрантските визи, што не ги засега другите категории“, рече Муцунски.

— реклама —

Тој појасни дека македонските граѓани и понатаму можат непречено да аплицираат за визи за студии, деловни активности, туризам или други краткорочни престои во САД. „Доколку сте бизнисмен, студент или турист, аплицирањето за виза се одвива без никаква промена“, истакна министерот.

Муцунски информираше дека институциите се во постојана комуникација со Амбасадата на САД во Скопје, како и преку македонската амбасада во Вашингтон со американските власти. Според информациите што ги добиле, имигрантските визи претставуваат најмал дел од апликациите од македонски државјани, а најчесто се однесуваат на лица од повозрасната популација.

Тој додаде дека фокусот на државата во однос на визната политика е насочен кон категории што придонесуваат за економски и општествен развој. „Наш приоритет се визите за бизнис, наука, студенти и туризам. Во тој сегмент нема никаква промена“, рече Муцунски.

Министерот направи паралела со претходните реакции околу царинските тарифи, оценувајќи дека и тогаш, според него, имало избрзани и неосновани критики. „Кога беа објавени тарифите, слушавме дека сме меѓу најлошо третираните земји. Подоцна се покажа дека за клучните индустрии договоривме едни од најповолните услови, но тогаш критиките стивнаа“, изјави тој.

Муцунски изрази уверување дека во наредниот период ќе следуваат позитивни поместувања и во визната политика. „Во следните неколку месеци очекувам конкретни решенија за прашања што се отвораат со децении. Имаме одлична соработка со нашиот стратешки партнер и верувам дека тоа ќе даде резултати“, рече министерот.

Тој повтори дека актуелната одлука на САД нема практично влијание врз најголемиот дел од граѓаните и дека приоритетите на земјата – бизнисот, науката, туризмот и студентите – остануваат целосно незасегнати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykek3pk288lge2303SPX

Левица: „Запирање на имигрантските визи од САД - стратешки шамар за домашните вазали“ 

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq8b106n5kdvg4sq3MhW

„Власта „најде решение“ за младите да останат во Македонија - со суспендирани визи за САД“: Жерновски со саркасточен стил упати критики до власта

Македонија | пред 1 месец

media-library234ev5js27l79KcOhGy

Османи: Стратешкиот дијалог со САД е клучен за безвизен режим

Македонија | пред 1 месец

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

СДСМ: Поради политиките на Мицкоски, САД ја ставаат Македонија во иста група со Сомалија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања