Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Османи: Стратешкиот дијалог со САД е клучен за безвизен режим

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-library234ev5js27l79KcOhGy
ФБ

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска се осврна на развојот на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, потенцирајќи дека процесот, започнат во 2022 година, отвори пат за продлабочена политичка, безбедносна и институционална соработка, како и за чекори кон олеснет визен режим и безвизно патување за македонските граѓани.

— реклама —

Пред неполни четири години, со посета на Вашингтон на 2 јуни 2022 година, започна Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД како надградба на Стратешкото партнерство од 2008 година. Тоа го отвори патот за висок политички дијалог, но и за длабока меѓуресорска и меѓуинституционална соработка меѓу двете земји.

Една година подоцна, во јуни 2023 година, Владата го усвои десетгодишниот план за активности во рамките на стратешкиот дијалог со период на реализација од 2023-2033 година, кој претходно беше усогласен (no objection) и со Стејт департментот на САД. МНР беше задолжена институција за следење на реализацијата на овој план, преку хоризонтална координација на останатите ресори и институции.

Во рамките на Стратешкиот дијалог, во текот на следната 2024 година, беа започнати активности за приклучување на земјата кон „Global Entry“ програмата на САД., со која требаше да се обезбеди непречен влез во САД на државјани на Северна Македонија со американска виза без спроведување на вообичаените безбедносни и царински проверки на граничните премини.

Во една подолгорочна процедура, во Стратешкиот дијалог беа предвидени и во соработка со МВР и другите безбедносни служби, беа започнати активности за усогласување на земјава со безбедносните системи на САД, со цел постигнување на критериумите за влез во т.н. Visa Waiver програмата на САД, која во еден подолг процес на крајот треба да резултира со воведување на безвизен режим меѓу двете земји, пишува Османи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8b106n5kdvg4sq3MhW

„Власта „најде решение“ за младите да останат во Македонија - со суспендирани визи за САД“: Жерновски со саркасточен стил упати критики до власта

Македонија | пред 3 часа

mucunski-sednica

Муцунски за запирањето на визите за САД: Студентските, бизнис и туристичките визи не се засегнати

Македонија | пред 6 часа

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

СДСМ: Поради политиките на Мицкоски, САД ја ставаат Македонија во иста група со Сомалија

Македонија | пред 8 часа

sad-makedonija

САД го замрзнуваат издавањето имигрантски визи и за Македонија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања