Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Жерновски го критикува Муцунски: Кризата со транспортерите се решава на маса - очи во очи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Коментари
media-librarya55ppdr7uskh8H49gJP

Поранешниот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски му порача на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски дека проблемот на транспортерите не се решава со телефонски повик до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

— реклама —

„ЕУ на звучник, Македонија на чекање

Кога една власт ќе почне јавно да се фали со телефонски разговори, тоа не е дипломатски успех – тоа е доказ за изолација.

— реклама —

За министерот Муцунски огромен успех претставува телефонски разговор со еврокомесарката Кос, што јасно ја покажува реалната состојба на македонската надворешна политика денес: вратите во Брисел се затворени, а состаноците се заменети со телефонски повици.

Во нормални околности, вакви крајно сериозни теми како кризата со професионалните превозници, блокадите, дозволите и економските штети, се решаваат на маса – очи в очи, со конкретни договори. Вака, реалните проблеми остануваат нерешени, а секој ден што минува без навремена реакција создава сериозни економски и егзистенцијални последици.

Зошто не се занимаваа со овој проблем на време? Зошто не ги обезбедија превозниците со поддршка и конкретни мерки? Наместо тоа, сега се фалат со разговори што ниту резултираат, ниту им обезбедуваат сигурност на оние кои ја движат економијата.

Иронијата да биде цлосна, еврокомесарката за проширување барем одговорила на телефонскиот повик на Муцунски, што не е и случај со Мицкоски, кој самиот јавно призна дека не може да ја добие по телефон претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Значи, ни во телефонската дипломатија работите не одат според планот“, реагираше Жерновски.

media-libraryp3fsrn819oaee0HX2rj

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjhv6kir83kod1UiOiHU

„Членство во ЕУ без право на глас“ е манипулација, штетата е национална: Жерновски за изјавата на Мицкоски дека ни било нудено членство во ЕУ

Коментари | пред 2 седмици

920541_573957962634478_1877160628_o

Жерновски: За минимална плата нема пари, но за кожни седишта и шампањ на 10.000 метри височина веднаш најдоа

Коментари | пред 1 месец

zernovski

Андреј Жерновски: Цинизмот на власта кулминира – најавуваат „Сејф кантри“ додека Британија зборува за депортации

Коментари | пред 1 месец

media-libraryq8b106n5kdvg4sq3MhW

„Власта „најде решение“ за младите да останат во Македонија - со суспендирани визи за САД“: Жерновски со саркасточен стил упати критики до власта

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања