Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ангелов со детали за Карпалак: „Тигрите влетаа во заседата, а десетина дена подоцна загинаа 10 резервисти“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
stojance-angelov

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и поранешен командат, Стојанче Ангелов денеска сподели објава по повод 25-годишнината од Карпалак.

Во неговата објава, тој раскажува детали од заседата во која загинаа десет македонски хероии.

„На самиот крај на јули 2001 година на повик за помош, вод специјалци од Тигрите итно упатив кон Тетовско да извлече опкружена мала полициска единица.

Командантот на Тигрите Горан Здравковски беше надвор од државата во набавка на специфично оружје.

Дваесетина Тигри со 4 борбени оклопни возила "Хермелин" и едно теренско возило "Пинцгауер" со тревога ја напушти касарната Илинден продолжувајќи по автопатот од Скопје кон Тетово.

Во моментот кога колоната борбени возила на Тигрите навлегла во месноста Карпалак врз нив бил отворен жесток оган од куршуми, минофрлачки гранати и проектили од рачни фрлачи на ракети (РПГ).

Во тој момент како Заменик командант на Тигрите се наоѓав на своето командно место во касарната Илинден, иако триесетина дена претходно бев тешко ранет во борбите за Арачиново.

— реклама —

Командирот на вод, херојот Васко Стамевски (подоцна вонредно унапреден во генерал) ми се јави на телефон и силно викајќи, за да можам да го слушнам од пукотниците кои одекнуваа од слушалката на мобилниот телефон, ме извести дека влетале во заседа на УЧК. Сите 4 митралесци од Тигрите жестоко распалиле кон позициите на УЧК со што ја намалиле нивната прецизност.

Насилно, без сопирање, со многу избушени гуми, Тигрите со голема брзина се пробивале низ заседата на УЧК.

Во еден момент, хермелинот во кој се наоѓал командирот херој Васко Стамевски, бил погоден со ракета од РПГ. Силната детонација го пробила оклопот на возилото а врелиот огнен млаз од ракетата влегол во внатрешноста на возилото. Од силниот притисок на повеќето Тигри им биле оштетени ушните тапанчиња и почнала да им тече крв од ушите.

Нецелосно затворената странична врата на Хермелинот врз која паднала вреќичка со песок и која поради брзање не успеале да ја затворат до крај, овозможила да се намалили внатрешниот притисок од детонацијата и најверојатно им го спасила животот.

Во истиот момент, неотворен сандак со куршуми за автоматски пушки, од пламенот на експлозијата се запалил и силно почнал да гори. Околу него имало куп други сандаци со разни типови на куршуми и експлозивни средства вклучително и рачни бомби, ракети за РПГ, зољи, гранати за автоматски фрлачи на гранати, итн...

Од силината на експлозијата возачот херој Раде Колев делумно ја изгубил свеста. Командирот херој Васко Стамевски почнал да вика по возачот, барајки од него да продолжи да стиска на педалата за гас а тој се фрлил на воланот помагајќи му во одржување на правецот на движење.

— реклама —

Истовремено Тигарот херој Мите Глигоров, брзо отворил шише кисела вода и почнал да истура врз запалениот сандак со муниција чиј пламен се разгорувал многу брзо силно чадејки.

Во секој момент Хермелинот со Тигрите можел да летне во воздух.

Добрата обука, храброста, пожртвуваноста, тимската работа и борбеното искуство на Тигрите како и транспортните борбени оклопни возила помогнаа сите полициски специјалци да останат живи. Некои од нив со ослабнат слух, но сите живи.

ЗАСЕДА КАРПАЛАК 2

Десетина дена подоцна, на 08 август 2001-та, колона возила полни со армиски резервисти, по истиот патен правец е упатена кон боиштето во тетовско. На истото место на кое десетина дена претходно храбрите Тигри влетаа во жестока заседа сега минуваше слабо обезбедена колона армиски возила

вклучително и автобус.

Неколку секунди подоцна врз армиската колона е отворен жесток оган од куршуми, минофрлачки гранати и проектили од рачни фрлачи на ракети (РПГ). Еден минибус полн со храбри припадници на армискиот резервен состав бил погоден со ракета од РПГ и почнал да гори...

— реклама —

Во заседата кај Карпалак маченички загинаа 10 македонски херои, припадници на резервниот армиски состав:

Ердован Шабаноски (20)

Веби Рушидоски (26)

Марко Деспотоски (27)

Дарко Вељаноски (27)

Горан Миноскии (29)

— реклама —

Пеце Секулоски (29)

Љубе Грујоски (31)

Сашо Китаноски (39)

Бранко Секулоски (42)

Нане Наумоски (48)

Вечна ви слава, херои македонски!“, пишува Ангелов.

karpalak

25 години од масакрот кај Карпалак: Се одбележува споменот на 10-те прилепски бранители

Денеска се одбележуваат 25 години од загинувањето на десетте резервисти од Прилеп кај месноста Карпалак.Делегации на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе положат цвеќе на спомен-плочата на бранителите на местото на кое загинаа.Цвеќе ќе биде положено и пред спомен-обележјето на македонските херои во центарот на Прилеп.Масакрот кај Карпалак е најмногуброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети ко

Македонија | пред 6 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5ea81t567gl2b3QTpTT

„Ти оставив златни дечиња, горди да бидат на Македонија“ – Комити со порака од Карпалак

Македонија | пред 3 часа

media-library5hpk1f13qi0ebj2whAY

Левица: Карпалак останува отворена рана по 25 години

Македонија | пред 3 часа

media-libraryoj60qsfpnf149oiZinJ

(Видео) 25 години од Карпалак: Утковски за трагедијата – „Многу дилетантски ја завршивме работата“

Македонија | пред 4 часа

karpalak-antono-stnakovski

(Видео) Станковски за Карпалак: Веројатно организациски сме ја утнале работата

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања