Денеска се навршуваат 25 години од масакрот кај Карпалак, една од најтрагичните епизоди од конфликтот во 2001 година, кога во заседа беа убиени десет припадници на резервниот состав на Армијата.
По повод 25-годишнината од трагичниот настан, потсетуваме на изјавата на Бобан Утковски, актуелен директор на КПУ „Затвор Скопје“, дадена во третата сезона на поткастот „Претрес со Ландов“.
Утковски во разговорот говореше за можните причини и околности кои претходеле на заседата кај Карпалак, но и за пропустите во организацијата на транспортот на армиските резервисти.
„За време на преговорите, специјалните единици го лоцираат и влегуваат внатре и го елиминираат командант Тели. Нормално, во текот на преговорите се носи една негативна енергија, негативна емоција, нормално од страна на албанските преговарачи што беа во тимот. Мислам дека за два-три дена направија, што се вели, заседа на Карпалак“, вели Утковски.
Според него, меѓу двете случувања постоела причинско-последична врска.
„Тоа беше причинско-последична врска. По мене, тоа е единствената причина што се случи Карпалак – реакција на претходната акција за елиминација на Тели и одредена група“, додава тој.
Говорејќи за самата организација на транспортот, Утковски посочува дека од денешна дистанца најмногу му пречи начинот на кој била организирана безбедноста на колоната.
„Многу сме биле слаби, тенки во сето тоа. Не можеш така да направиш. Мораш да имаш извидница, мораш теренот да го обезбедиш. Еве, јас од Американците што сум научил, и годиниве и претходно – не можеш транспорт да направиш без да ги обезбедиш главните точки. Со снајпер ги поставуваш највисоките точки, вршиш периметар пред да помине колоната“, вели Утковски.
Тој додава дека пред движењето на колоната требало да има дополнително обезбедување и проверка на ризичните точки.
„Имаш возила, брзи возила, да поминат, да видат, да разгледаат, да поставиш одредени позиции, чекпоинти каде што си најранлив. Така што, мислам дека многу дилетантски ја завршивме работата. Многу ми е жал.“, вели директорот на КПУ „Затвор Скопје“.
На 8 август 2001 година, кај месноста Карпалак, во заседа беше нападната колона со армиски резервисти. Во нападот загинаа Сашо Китаноски, Марко Деспотоски, Нане Наумоски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељански, Горан Миноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Ердован Шабаноски.
Дваесет и пет години подоцна, сведоштвата на учесниците и поранешните припадници на безбедносните структури повторно ги отвораат прашањата за околностите, пропустите и одлуките што претходеле на трагедијата кај Карпалак.
Вечна им слава на загинатите бранители.
(Видео) Станковски за Карпалак: Веројатно организациски сме ја утнале работата
Денеска се навршуваат 25 години од еден од најтрагичните настани во поновата историја на Македонија – заседата кај месноста Карпалак, во која на 8 август 2001 година животите ги загубија десетмина бранители.По повод 25-годишнината од масакрот кај Карпалак, денеска објавуваме потсетување на разговорот со поранешниот командант на Воената полиција и ЕБР и началник на специјалните единици, Антонио Станковски, кој гостуваше во втората сезона на поткастот „Претрес со Ландов“.Во разговорот, Станковски
Македонија | пред 4 часа