Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ангелов: Задоволен сум од специјалните возила – се тестираат во реални услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vozila

Во гаснењето на пожарот во Скопско, кој траеше во текот на вчерашниот и денешниот ден, се вклучија и две специјални противпожарни возила на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС): еден „Хермелин“ со цистерна од 6 тона и еден „Пинцгауер“ со капацитет од 1,5 тон вода.

— реклама —

Како што објасни директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, употребата на БТР-80 била исклучена поради специфичната конфигурација на теренот:

„Бидејќи се оперираше низ населени места со стрмни и тесни улици и остри кривини, сметав дека не е безбедно да се користи БТР-80. Наместо тоа, подготвивме две возила за можен транспорт до фабриката ‘Самоков’, кои со своите резервоари од 6 тона и моќни пумпи со дострел до 100 метри, можат значително да помогнат при одбрана на објектот“, изјави Ангелов.

— реклама —

Сепак, поради тоа што пожарот бил ставен под контрола пред да се приближи до фабриката, овие возила не биле испратени таму.

— реклама —

Директорот нагласи дека сите возила се уредно тестирани, имаат технички преглед и се регистрирани на име на ДЗС. Воедно, посочи дека актуелното вклучување на специјалните возила е дел од поширок план за нивно тестирање во реални услови:

„Како одговорен за овие возила, дадов наредба да се тестираат на терен – не само пумпите и капацитетот, туку и целата посада. Овие неколку дена ги третираме како тест фаза. Откако ќе се увериме дека се доволно ефикасни и безбедни, нивниот број ќе се зголемува согласно потребите“, додаде тој.

Ангелов посочи дека од досегашната употреба е презадоволен од перформансите на специјалните возила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5sl7bloamg1l2FzllJq

Ангелов: Слабостите во системот за кризи се намалуваат, реформите продолжуваат

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library5sl7bloamg1l2FzllJq

(Видео) Ангелов: Опасноста од пожари и понатаму е многу висока – доволна е само една искра

Македонија | пред 1 месец

media-libraryduam10o707f3dErKpwH

(Видео) Хеликоптерот кој гасеше пожар го „избања“ Ангелов додека даваше изјава: „Во моментов активни се шест пожари“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryds8qmijc563l4y2iQ0E

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Грачани се движи кон Никиштани, но селото засега не е загрозено

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања