Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Анкета во Шпанија: Речиси девет од десет граѓани го обвинуваат Мароко за мигрантската криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryg6j929frg711bJBW7y4
screenshot x

Речиси девет од десет Шпанци сметаат дека Мароко има најголема одговорност за масовниот премин на мигранти во Сеута кон крајот на јули, додека мнозинството од нив негативно ја оценуваат реакцијата на премиерот Педро Санчез на кризата.

Тоа го покажува истражувањето на агенцијата „40dB“, спроведено за весникот „Ел Паис“ и радиостаницата „СЕР“ врз примерок од 2.000 испитаници. Податоците покажуваат и раст на поддршката за конзервативната Народна партија (ПП) и за десничарската и антиимигрантска партија „Вокс“.

— реклама —

Според анкетата, 89 отсто од испитаниците го сметаат Мароко за најодговорен за кризата. На второ место се групите кои се занимаваат со криумчарење мигранти, со 75 отсто, а потоа следуваат ширењето дезинформации на социјалните мрежи со 74 отсто и самите мигранти кои ја преминале границата со 73 отсто.

Шпанската влада ја сметаат за одговорна 72 отсто од анкетираните.

— реклама —

Само 14,2 отсто од испитаниците се задоволни од начинот на кој Санчез се справил со кризата, додека околу две третини сметаат дека неговата реакција била премногу бавна.

— реклама —

Истовремено, вкупната поддршка за Народната партија и „Вокс“ достигнала 50,2 отсто, што според анкетата е првпат потенцијалниот сојуз на десницата во овој парламентарен состав да го надмине прагот од 50 отсто. Поддршката за блокот на левиот центар, пак, се намалила на 36,1 отсто.

Народната партија ја зголемила поддршката од 32 на 32,4 отсто, додека „Вокс“ пораснал од 17,2 на 17,8 отсто. Социјалистичката партија на Санчез забележала пад од 28 на 27,6 отсто.

Во однос на прашањето за имиграцијата, 27 отсто од испитаниците сметаат дека „Вокс“ најдобро би се справил со проблемот. Следуваат социјалистите со 18,4 отсто и Народната партија со 13,9 отсто.

Анкетата покажува и силна поддршка за построга контрола на границите. Седум од десет испитаници сметаат дека таквата политика треба да има предност пред заштитата на ранливите мигранти, додека 82 отсто поддржуваат поставување дополнителни огради и засилен надзор на шпанските граници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

n-missingisland-a-20181104-870x572

Шест мигранти, меѓу кои и едно бебе, загинаа во судир на глисер и грчката крајбрежна стража

Свет | пред 3 дена

— реклама —
tunis-migranti-camac-830x0

Страшна трагедија кај африканскиот брег: Најмалку 109 мигранти загинаа, 116 се водат како исчезнати

Свет | пред 1 седмица

media-library7hof5jgrm8nfflz3PTH

(Видео) Мигрантите во Сеута снимени со мртво бебе делфин

Свет | пред 1 месец

kriumcharenje-migranti

Албанец осомничен дека водел група од 10 турски мигранти за илегално преминување на границата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања