Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Антикорупцискиот тим на СДСМ со нови обвинувања против Томовски: „161 тендер, 5,3 милиони евра – буџетот се чистел семејно“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-librarydetmln4o4ufe4zalJmc

Антикорупцискиот тим на СДСМ излезе со нова серија обвинувања кон Ивица Томовски, директор во владината структура на ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека семејната фирма „Сити аутсорсинг“ добила вкупно 161 тендер вреден 5,3 милиони евра.

— реклама —

Според СДСМ, токму по доаѓањето на новата влада, фирмата ја зголемила својата деловна активност за 306 проценти во 2024 година, а во 2025 година веќе инкасирала речиси половина милион евра преку нови државни договори.

По објавата на случајот, Томовски побара извинување од СДСМ, но од партијата одговорија дека „нема извинување за оние што пумпаат пари од граѓаните“.

— реклама —

Од Антикорупцискиот тим денеска објавија нов податок – телефонски број поврзан со фирмата, кој, според нивните тврдења, се поврзува директно со Ивица Томовски.

— реклама —

„Меѓу телефонските броеви наведени во документацијата на фирмата ‘Сити аутсорсинг’ е 078-362-710. Проверивме – излегува фотографијата на Ивица Томовски. Ова само ја потврдува очигледната поврзаност со фирмата во која се татко му Витомир и блискиот роднина Кутановски“, соопштија од СДСМ.

Партијата повтори дека очекува Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да покренат постапка за конфликт на интерес, злоупотреба на функција и корупција во врвот на власта предводена од Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Кој сега ќе се извинува? Единствено на граѓаните, кога ќе одговарате – сите до еден. Работата не е завршена“, стои во соопштението на Антикорупцискиот тим на СДСМ.

media-libraryreqb6t7d79u01FbpDGw

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања