Промени тема
Контакт

Апасиев и Левица од „неподмитливи“ станаа профитери, вистинат излезе, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
apasiev

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, жестоко ја нападна партијата Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев, обвинувајќи ги за лицемерие и профитерство.

— реклама —

„Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица. Апасиев и Левица, кои се претставуваа како скромни, неподмитливи и народни, денес се демаскирани,“ изјави Манасиевски.

— реклама —

Тој ја посочи како скандалозна зделката за купување конфискуван недвижен имот во центарот на Скопје по цена од 250 илјади евра, за која јавноста прво беше убедувана дека не постои. „Вистината излезе на површина – просторот навистина е купен преку директен договор со извршител и банка, иако Левица со години гласно се спротивставуваше на вакви практики,“ додаде тој.

— реклама —

Според Манасиевски, со овој чекор Апасиев ја претворил Левица од левичарска и работничка во „елитистичка партија што гази врз сопствените членови“. Тој потсети и дека Левица барала донации од граѓаните, додека парите, како што вели, завршувале кај партискиот врв, а истовремено партијата го практикувала истото што им го замерува на другите – користење привилегии и патни трошоци.

— реклама —

„Апасиев и Левица се сè, само не се неподмитливи и скромни. Нивната вистинска агенда е јасна – од наводно неподмитливи до профитери,“ порача Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања