Промени тема
Контакт

Апасиев: Колку треба да си ненормален и корумпиран до с'рж, да саботираш прва Надзорна расправа за аерозагадувањето?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Темата аерозагадување ги зовре страстите во Законодавниот дом. Лидерот на Левица преку ФБ се обрати до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои според Левица ја кочат Надзорната расправа за аерозагадувањето.

— реклама —

„Колку треба да си ненормален (од нула до ДПМНЕ) + корумпиран до с'рж, да саботираш прва Надзорна расправа на тема од врвен јавен интерес како АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО!?

p.s. Веќе се поканети над 40 гости-сведоци, меѓу кои и претставници на ЗАГАДУВАЧИТЕ (како Цементара) - кои, пак, се финансиери и "донатори" токму на градоначалниците на ДПМНЕ. Дали можеби тоа е причината за паниката во партијата на Мицкоски”, напиша Апасиев. Претходно во салата тој кажа:

— реклама —

,,Пресметавте дека овој процес ве кошта политички, и ај сега ќе ретерираме, во фазата ќе дигнеме рачна. Не бива така. Спорните прашања се само во главите на вмровците! Не постојат спорни прашања. Дури и сега да ми доставите гости - истите ќе бидат поканети промптно, уште денес. Но, не! Вие одите на нож! Вие не почитувате bona fide пристап, не почитувате отвореност и добра волја, оти таква ви е наравта - сељачка и силеџиска - сѐ на ачик, сѐ на нож!”

— реклама —

На вчерашната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се обидоа да ја саботираат закажаната Надзорната расправа во врска со аерозагадувањето, како што тврди Левица, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на пратеничката Весна Бендевска која тврдеше дека Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот е несоодветна за расправа за чистиот воздух, ѝ се обрати со „транзициска профитерка“ која нема лице да расправа за човекови слободи и права.

— реклама —

Инаку Собраниската комисија донесе заклучок за надзорната расправа за аерозагадувањето и ќе го достави до спикерот Африм Гаши.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4uos4bi8jv788pgf1IQ

Апасиев објави отфрлена пријава за закани: „Бесилка“, „бензин и кибрит“ и „смрт“ за ОЈО биле политички говор

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе кривична пријава против членови на Антикорупциска: „Јас си стојам на зборот“

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев за западнонилската треска: Наместо навремено прскање и чистење на жариштата, вината се префрла на вазни по гробишта

Коментари | пред 1 месец

apasiev

„Во изминатите 15 години умреле вкупно пет пациенти од западнонилска треска, а сега за само едно лето починаа четворица“, вели Апасиев

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања