Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Апасиев со критики за дел од уставните судии: Празни чиновнички биографии и скромен правнички капацитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Коментари
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, упати остри критики кон актуелниот состав на Уставниот суд, оценувајќи дека дел од уставните судии имаат „чиновнички менталитет“ кој, според него, е неспоив со функцијата што ја извршуваат.

Во објава на социјалните мрежи, Апасиев ги спореди актуелните уставни судии со поранешните судии од времето на СФР Југославија, за кои оцени дека биле врвни правни авторитети.

— реклама —

„Колку ли само бедно изгледаат празните чиновнички биографии на некои од сегашните актуелни уставни судии со скромен правнички капацитет и никаква ерудиција, кога ќе се споредат со некои од поранешните уставни судии од времето на ‘тоталитарната’ и еднопартиска СФР Југославија“, напиша Апасиев.

Тој наведе дека меѓу поранешните уставни судии имало професори по римско, уставно, граѓанско, облигационо и меѓународно приватно право, кои, според него, претставувале доајени на македонската правна наука.

— реклама —

Во продолжение, Апасиев изнесе критики кон четворица актуелни уставни судии.

За претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тој наведе дека како судија во Кривичниот суд била санкционирана од Уставниот суд, оценувајќи дека не успева да ја разбере улогата на оваа институција при одлучувањето за прашања од јавното право.

За уставната судијка Татјана Васиќ Божаџиева, Апасиев оцени дека има чиновничка кариера во државната администрација и дека е „далеку од правната теорија и доктрина“, при што се осврна и на нејзината имотна состојба.

— реклама —

Во објавата тој го спомена и уставниот судија Фатмир Скендер, за кого наведе дека претходно работел во Катастарот и бил секретар на Општина Центар Жупа, како и Насер Ајдари, за кого напиша дека во кариерата бил секретар на општина, вработен во Министерството за труд и социјална политика, јавен обвинител и државен правобранител.

Апасиев оцени дека актуелниот состав на Уставниот суд, наместо да биде медијатор, станал „генератор на државната изборна криза“, повторувајќи го ставот на Левица дека институцијата не ја извршува својата улога на начин што доликува на највисок суд за уставност и законитост во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq2j1odbq0gtnehnnpe3

(Видео) Студентите најавуваат тужба против МОН, тврди Левица: се бараат повеќе пари за студентски оброк и надомест на штетата

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryuj2dcbga2kesdusJyX2

„10 милиони евра за фушерај - „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна“, велат од Левица

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Во ек на грејна сезона МЕПСО бара речиси двојна тарифа - Регулаторната комисија за енергетика да престане да ги остава граѓаните на цедило

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

Левица: Обединети во злосторот - пратеници на ДПМНЕ, СДС, ДУИ, ВЛЕН, ЗНАМ и ЛДП во Израел газат по коските на палестинските деца

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања