Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Апостолки или патики? Лекар објаснува што е подобро за стапалата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Магазин
media-library28g3rp2t1ljf96G15Si
Photo by Ridwan Muhamad Iqbal on Unsplas

Со доаѓањето на летото повторно се отвора прашањето дали апостолките се штетни за здравјето на стапалата. Според лекарот Пол Ленгер, одговорот не е едноставен и многу од тврдењата за нивната штетност не се потврдени со научни докази.

Во текст за „Вашингтон пост“, Ленгер наведува дека апостолките често се поврзуваат со повреди и хронични проблеми, како што се болки во петата, плантарен фасциитис, чукљеви и деформации на прстите. Сепак, тој смета дека причината за ваквите тегоби не е секогаш самата обувка.

Според него, во текот на зимата стапалата најчесто се во затворени обувки, а луѓето се движат помалку, поради што мускулите можат да ослабат. Кога со потоплото време активноста се зголемува, а се преминува на обувки со помала потпора, стапалата полесно се заморуваат и може да се појави болка.

— реклама —

Лекарот посочува дека истражувањата не покажуваат оти кај луѓето со здрави стапала апостолките почесто предизвикуваат болка во петата или деформации на прстите во споредба со другите видови обувки. Од друга страна, тие носат поголем ризик од паѓање, но тоа важи и за сите обувки што не се цврсто прицврстени за стапалото.

Тој предупредува дека апостолките не се препорачуваат за лица кои имаат проблеми со рамнотежата, дијабетес, артритис, периферна невропатија, васкуларни или невролошки заболувања, како и за оние кои претходно имале операции на нозете.

— реклама —

Според Ленгер, најдобар избор е да се носат различни видови удобна обувка со различно ниво на потпора. Тој додава дека кај здравите луѓе апостолките можат постепено да помогнат во зајакнување на мускулите на стапалото, но препорачува на почетокот од сезоната да се носат пократко време за стапалата полесно да се приспособат.

— реклама —

Како дополнителна предност, Ленгер наведува дека апостолките и сандалите им овозможуваат на прстите природно да се рашират, што не е можно во тесните чевли. Истовремено, потсетува на истражување од 2018 година според кое дури 72 проценти од луѓето носат обувки со несоодветна големина, што е поврзано со појава на болки во стапалата.

Неговиот заклучок е дека за повеќето здрави луѓе нема потреба целосно да ги избегнуваат апостолките, туку да ги носат умерено и во соодветни услови, како при одење по рамни и суви површини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања