Турскиот претседател Ердоган ја претвори историската црква во Карије, една од најпознатите византиски базилики во Истанбул, во џамија. Пренамената се случува само еден месец откако истата судбина ја снајде и Аја Софија, објави dw.com.
Средновековната Црква на светиот спасител во Карије (Хора), изградена во близина на античките градски тврдини на Константинопол, содржи византиски мозаици од 14 век и фрески кои прикажуваат сцени од библиски приказни. Тие биле покриени откако градот бил освоен од отоманите во 1453 година, но повторно откриени откако, како и Аја Софија, црквата беше претворена во музеј од турската секуларна република пред 70 години.
Текстот во целост на:dw.com.