Пратеникот од „Левица“, Димитар Апасиев денеска се обрати од собраниската говорница. Тој напрвин истакна дека се надева дека дружбата на пратениците нема да трае повеќе од две години, давајќи му одреден рок на новиот владин состав.
-Кога ќе го видам првопотпишаниот, узурпаторот Николче Димитров, станува јасно дека секаде мора да го има неговиот потпис. За него не знаеме дали е пратеник или министер. До 12 е пратеник, а од 14 часот е министер, или обратно, рече Апасиев, по што беше предупреден од Џафери, за начинот на кој се обраќа.
Апасиев за изборот на Талат Џафери за претседател, истакна дека нема да го поддржи.
„За првпат од герила, директно во влада. Талат Џафери е нашиот Че Гевара, од герила дојде директно на власт. Му давам и 3:0 за толкување на Устав, наспроти претседателот на државата, Стево Пендаровски.
– Не прозборе ниту еден збор на македонски на конститутивната седница, а и потписот каде што го става во графата за кирилица, него му е на латиница, рече Апасиев за Џафери.“ – рече Апасиев.