Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Владата на Заев нема министер за привлекување на инвестиции, статистиката покажува одлив на странски капитал

Од државата се одлеваат странски инвестиции затоа што владата на Заев е криминална и затоа што нема ниту еден министер за привлекување на инвестиции. Во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупнуите директни инвестиции во Македонија бележат одлив од 9.3 милиони евра. Ова е доказ дека владата не носи инвестиции, туку и ги брка постојните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Од почетокот на годината до денес немаме ниту една нива инвестиција во државата, и капиталот што влегува во државата е реинвестиција на постоечките капацитети, кои се дојдени и инвестирале во државата благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Епилогот на ова е драстичен раст на невработеноста.

За само 5 месеци во државата има 40.000 невработени лица повеќе. Тоа е резултат на неспособноста на Зоран Заев и желбата да се задоволи личниот и партискиот интерес пред државниот.

Бројот на работните места уште сега опаѓа, а тоа го покажуваат и релевантни институции.

Државниот завод за статистика вчера објави податок дека бројот на работници во индустријата во периодот јануари – јули оваа година во споредба со лани е намален за 4.6 %.

Македонија има влада која нема да создава инвестиции и нема да генерира нови работни места, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

На почеток