Седумдесет и четиригодишна жена со тешки повреди била пренесена во болница откако во неа удрил автомобил во скопската населба Кисела Вода.
Несреќата се случила вчера во 11:50 часот на крстосницата од улица Борис Трајковски и улица Народни херои кога А.Б.(29) од Скопје со возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот В.К.(74) од Скопје.
В.К. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.