Судијката Добрила Кацарска го одложи почетокот на денешното рочиште за случувањата во Собранието на 27 април минатата година, откако обвинетиот Вилијам Михајловски се пожали на болки во главата.
Обвинетиот Михајловски побара лекарска помош поради, како што рече, силни болки во главата, каде претходно имал правено и операција.
Потоа, судијката Кацарска, повика Брза помош и рече дека расправата ќе продолжи по паузата.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и изнесување на докази предложени од одбраната.
На минатото рочиште обвинетите пратеници Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски се откажаа од давање одбрана пред Судот.